Како функционира варењето?
Секоја клетка во нашето тело има потреба од хранливи материи за да функционира. Варењето е процес на движење на храната низ цревниот тракт и нејзино разложување на молекули доволно мали за да се апсорбираат во нашиот крвоток. Од овде, хранливите материи се пренесуваат во различни клетки во нашиот организам.
Процесот на варење започнува кога ја џвакаме храната. Корисните материи наречени ензими кои се наоѓаат во плунката веќе почнуваат да ги разградуваат првите состојки. Откако ќе се проголта храната, таа се транспортира до желудникот, а потоа до тенкото и дебелото црево. Сите корисни хранливи материи кои можат да се апсорбираат во овие делови, се земаат за употреба во сите клетки на нашиот организам, а остатокот организамот го исфрла во форма на столица (фецес).
Човечкиот дигестивен систем е моќен колку што е и чувствителен. Современиот начин на живот поставува бројни закани пред рамнотежата на нашиот дигестивен систем. Животниот стил на бурниот градски живот, со брза храна, стрес, недоволно вежбање, па дури и хормонален дисбаланс може да предизвика дигестивни проблеми.
Еден од најчесто пријавените гастроинтестинални симптоми е надуеност на стомакот во комбинација со флатуленција. Но, за ова често не се зборува од срам или се игнорира бидејќи пациентите и лекарите не го гледаат како вистински проблем. За цело време, во реалноста, многу луѓе страдаат од болки и непријатност во општеството поради надуеност и флатуленција.
Симптоми на дигестивни проблеми
Ако сакате да го планирате денот според паузите во тоалетот или да ги одбивате поканите за социјални настани затоа што се плашите да не доживеете незгода: не сте сами. Дигестивните проблеми може да се манифестираат на многу различни начини:
Болки во стомакот
Многу дигестивни проблеми се манифестираат како болки во стомакот. Ова вклучува грчеви, тапа болка или чувство на надуеност.
Дијареа
Дијареа во основа е секоја промена во навиките на цревата која може да вклучува зголемена фреквенција и количина на столици или поретка столица. Намалувањето на апсорпцијата на течности или зголемувањето на секрецијата на цревната течност ја прави конзистентноста на столицата потечна. Акутната дијареа обично трае помалку од 2-3 недели и најчесто е предизвикана од бактерии.
Рефлукс и горушица
Понекогаш желудочната киселина може да се врати наназад кон грлото, што може да остави кисел вкус во устата. Понекогаш тоа се манифестира како чувство на пецкање во горниот дел од телото и во пределот околу срцето.
Гасови и надуеност
Статистиката покажува дека 30% од општата популација страда од надуеност. Тоа е придружено со чувство на тежина во стомакот. Производството на гас во гастроинтестиналниот тракт обично зависи од количината на неапсорбирана храна која ја ферментираат бактериите, како и од општиот состав и дистрибуција на цревната флора.
Болка во стомакот
Дијареа
Рефлукс и горушица
Гасови и надуеност
Зошто имам дигестивни проблеми?
Дигестивни проблеми може да се појават во различни фази од варењето. Проблемите може да започнат со голтање премногу воздух од пребрзо јадење или да бидат предизвикани од прекумерно формирање гасови во цревата. Посебно во случај на надуеност, често се јавува некаква гастроинтестинална непријатност после оброк со одредена големина или состав. Чувството на болка во стомакот и надуеноста може да бидат поврзани и со стрес, неправилно варење, хормонален дисбаланс, голтање воздух додека јадете или со употребата на одредени лекови.
За време на процесот на варење, бактериите произведуваат гасови. Ако, на пример, овие гасови се заглават во слузницата во форма на меурчиња, тешко се апсорбираат или транспортираат. Ова создава чувство на тежина и надуеност. За ублажување на надуеноста, потребно е гасовите да се ослободат и испуштаат.
Без оглед на причината, секој кој има дигестивни проблеми се соочува со предизвици и потенцијална непријатност.
Лекување
Бидејќи многу проблеми се предизвикани од современиот начин на живот, постојат многу работи кои можете да ги направите како би се намалиле проблемите со надуеноста. Внимателно следење на своите навики и рутини може да Ви помогне да ги пронајдете причинителите.
Espumisan – ублажување на симптомите на надуеност!
Надуеноста и флатуленцијата се нормална појава. Но, нашиот модерен начин на живот може да поставува големи барања. Стресната работа, како и обидот за балансирање на хобито, семејните и социјалните активности може да доведат до стрес, како и јадењето премногу масна и друга нездрава храна. Нашиот дигестивен систем не може да го следи ова темпо, што доведува до прекумерно производство на гас кој може да се акумулира во стомакот и да создаде чувство на тежина и надуеност. Непријатноста во стомакот и стравот од неконтролирана флатуленција се сами по себе извор на стрес за многу луѓе.
Лекот Espumisan нуди сигурно олеснување. Неговата активна супстанца симетикон е докажано и ефикасно средство против надуеност и флатуленција. Симетиконот во Espumisan-от обезбедува ослободување од широк спектар на симптоми поврзани со гасови, како што е флатуленцијата.
Лекот Espumisan во суштина го менува површинскиот напон на меурчињата со гасови кои се акумулирале во гастроинтестиналниот тракт. Кога меурчињата се распаѓаат, се ослободуваат гасовите, што ја олеснува нивната елиминација преку подригнување или испуштање на флатусот.
Espumisan® - различни дозирни облици за Вашите потреби
Espumisan® 40 mg/ml емулзија
Емулзија која лесно се голта, содржи 40 mg симетикон.
Espumisan® 40 mg/ml емулзија
Емулзија која лесно се голта, содржи 40 mg симетикон.