Што е надуеност за време на менструацијата?
За многу жени, менструацијата значи непријатност во стомакот, грчеви и болки. Но, не мора сите симптоми да бидат поврзани со самата менструација. Истражувањата покажале дека абдоменалната болка, гадење и надуеност во гастроинтестиналниот тракт се зголемуваат непосредно пред и за време на менструацијата. Нивоата на хормони кои се важни за менструалниот циклус варираат во различни периоди во текот на месецот. Освен што влијаат на нашите емоции, овие хормони влијаат и на варењето. Прогестеронот и естрогенот се особено влијателни, предизвикувајќи несакани ефекти како надуеност, гасови и констипација.
Кога и зошто се јавува надуеност за време на менструацијата?
Како што нивоата на хормоните се менуваат низ циклусот, матката ја отфрла слузницата. Ова може да предизвика менструални грчеви кои потоа предизвикуваат надуеност, гасови или дури и дијареа. Ова се, за жал, чести несакани ефекти на менструалниот циклус. Тие можат да се појават во форма на надуеност, кога жената ќе почувствува оток или тежина во стомакот непосредно пред почетокот на менструацијата. Тоа може да биде и еден од неколкуте симптоми на предменструален синдром (ПМС) во текот на првата или втората недела пред почетокот на менструацијата. Хормоналната нерамнотежа исто така може да го забави дигестивниот тракт, предизвикувајќи надуеност, бидејќи на храната и е потребно подолго време да се свари.
Како да спречите надуеност за време на менструацијата?
Иако е тешко целосно да се спречи надуеноста за време на менструацијата, постојат некои работи што можете да ги направите за да ја минимизирате. Од помош може да биде исхраната со ниско присуство на натриум, со овошје, зеленчук и немасни протеини, како и избегнувањето на преработена храна. Пиењето многу вода (секогаш добра идеја) исто така може да помогне во овој процес.
Избегнувањето на кофеин, алкохол и преработена храна исто така ќе помогне во хидратацијата и ќе ја спречи надуеноста. Зголемената активност, исто така, го помага варењето и помага за придвижување на насобраните гасови. И ако не сте противник на идејата, разговорот со Вашиот лекар или гинеколог за апчиња за контрацепција, исто така може да биде една од опциите.
Исхрана со ниско присуство на натриум
Физичка активност
Внесување на поголема количина на вода
Избегнување на кофеин и алкохол
Избегнување на преработена храна
Што помага при надуеност и флатуленција?
Формирањето гасови и ослободувањето на флатусот е нормална појава. Просечен човек испушта 1-3 пинта (приближно 0,5 до 1,5 литри) гас, во просек 14 пати. Но, интензитетот и фреквенцијата многу варираат од личност до личност. Прекумерната надуеност и флатуленција може да бидат предизвикани од различни нешта.
Нежна масажа на стомакот долж дебелото црево може да Ви помогне да го придвижите гасот што се акумулирал во цревата.
Физичката активност како одење околу блокот може да ги поттикне цревата да се движат, што може да помогне да се ослободи вишокот гас. Докажано е и дека редовното вежбање помага при болки и надуеност во текот на менструацијата
Симетикон, активната супстанца на лекот Espumisan е докажано и ефикасно средство против надуеност и флатуленција. Симетиконот од Espumisan ублажува широк спектар на симптоми поврзани со гасовите, како што се флатуленцијата или надуеноста. Активната супстанција „симетикон“ го менува површинскиот напон на меурчињата со гас акумулирани во гастроинтестиналниот тракт и го ослободува гасот кој потоа може да се апсорбира или да се ослободи, со што помага да се смири стомакот и да се ублажат другите симптоми како што се анксиозноста и социјалната анксиозност во врска со надуеноста.
Espumisan® – ублажување на симптомите на надуеност!
Надуеноста и флатуленцијата се нормална појава. Што и да правите за да се обидете да ги ублажите ефектите, кога ќе дојде менструацијата и ќе почнат познатите грчеви, не можете многу да направите. Покрај тоа, стресната работа, како и обидот за балансирање на хобито, семејните и социјалните активности може да доведат до стрес. Нашиот дигестивен систем, кој тогаш е забавен од хормоните и преоптеретен од други видови на стрес, не не може да го следи ова темпо, што доведува до прекумерно производство на гасови кои може да се акумулираат во стомакот и да создадат чувство на тежина и надуеност. Непријатноста во стомакот и стравот од неконтролирана флатуленција се сами по себе извор на стрес за многу луѓе.
Симетикот, активната состојка на лекот Espumisan нуди сигурно олеснување. Симетикон е докажано и ефикасно средство против надуеност и флатуленција. Симетиконот во Espumisan-от обезбедува ублажување на широк спектар на симптоми поврзани со гасовите, како што е флатуленцијата.
Симетикот, активната состојка на лекот Espumisan во суштина го менува површинскиот напон на меурчињата со гасови кои се наоѓаат во масата храна во гастроинтестиналниот тракт. Кога меурите се разградуваат, се ослободуваат гасовите, што ја олеснува нивната апсорпција преку ѕидот на цревата и нивната елиминација преку подригнување или испуштање на флатусот.
Espumisan® - повеќе различни формулации за Вашите потреби
Espumisan® 40 mg капсули
Обезбедува сигурно ослободување од симптоми како што се надуеност од тешки и масни оброци, чувствителност на храна, стрес и надуеност во тек на менструација.
Espumisan®L 40 mg/ml емулзија
Емулзија лесна за голтање, содржи 40 mg симетикон.