Надуеност и менопауза
Пред се, ако страдате од надуеност, не сте единствени. И мажите и жените страдаат од надуеност. Повеќето луѓе искусуваат надуеност и флатуленција во одреден момент.
Постојат многу болести кои имаат врска со стомакот и варењето воопшто, а многу од нив се почести отколку што мислите. Непријатноста и стомачните проблеми можат да бидат предизвикани од храната, начинот на живот и хормоналните промени.
Што е надуеност во менопауза и кога се појавува?
Надуеноста е предизвикана од вишокот акумулиран воздух во стомакот и обично се манифестира како чувство на полнота или стегање во пределот на стомакот. Надуеноста во менопаузата е поврзана со хормонални промени во телото на жената за време на менопаузата или четири години пред нејзиниот почеток. Типични симптоми на надуеност може да бидат:
Болка во стомакот
Контролирано или неконтролирано ослободување на гасови (флатуленција)
Често подригнување
Кркорење или клокотење во стомакот
Притисок и грчеви од премногу гасови акумулирани во желудникот или цревата
Зошто менопаузата предизвикува надуеност?
Зголеменото ниво на естроген може да предизвика задржување на водата што потоа може да предизвика надуеност. Други несакани ефекти од менопаузата, како што се промените во исхраната, апетитот и забавеното варење може да предизвикаат несварената храна во дигестивниот систем да предизвикаат акумулација на гасови, што доведува до чувство на затегнатост или непријатност. Стресот поврзан со менопаузата и другите здравствени состојби на оваа возраст може да бидат фактори кои придонесуваат.
Како да се ослободите од надуеноста во менопаузата
За да се ослободите од надуеноста во менопаузата, можете да се обидете да пиете многу вода и да го утврдите вистинскиот обем на физичка активност и вежбање. Ова не само што го помага варењето, туку е и добар совет за општото здравје. Исто така, и потењето и пиењето многу вода во текот на денот помагаат да се намали надуеноста.
Треба да се избегнуваат одредени групи на храна, како оние кои содржат премногу сол, што доведува до задржување на водата и отоци, додека земањето пробиотици, како јогурт или кисела зелка, може да го подобри здравјето на органите за варење.
Треба да престанете да пушите.
Гумата за џвакање може да доведе до акумулација на воздух во дигестивниот систем и треба да се избегнува, како и друга храна која што го има овој ефект, како грав или мрсна, пржена храна.
Два едноставни начини да го помогнете варењето се да јадете помали оброци и правилно да ја џвакате храната додека седите наместо да јадете брз ручек додека сте во движење.
Газираните пијалоци внесуваат дополнително количество воздух, што може да доведе до акумулација на гасови во стомакот.
Кога треба да одите на лекар?
Обично надуеноста не е проблем, освен ако не е надвор од нормалните граници на флуктуации во организмот. Меѓутоа, ако надуеноста не помине сама по себе или трае долго, тоа може да укажува на други здравствени состојби кои бараат лекарска помош.
Други причинители на надуеност
Формирањето на гасови, како и ослободувањето на флатусот, е нормална појава. Сепак, количината и зачестеноста варираат во голема мера од личност до личност. Прекумерната надуеност и флатуленција може да бидат предизвикани од различни нешта.
Што помага при надуеност и флатуленција?
Повторно е тука: штотуку ручавте и повторно ја чувствувате болката во стомакот. Еве неколку совети и начини за смирување на надуеноста и флатуленцијата:
Нежна масажа на стомакот долж дебелото црево може да Ви помогне да ги придвижите гасовите што се насобрале во цревата.
Физичката активност како шетање околу блокот може да го поттикне движењето на цревата, што може да помогне да се ослободите од вишокот гасови. Докажано е исто така дека редовното вежбање помага при надуеноста за време на менструација
Симетикон, активната супстанца на лекот Espumisan е докажано и ефикасно средство против надуеност и флатуленција. Симетиконот од Espumisan обезбедува ублажување на широк спектар на симптоми поврзани со гасовите, како што се флатуленција или болен, отечен стомак. Активната супстанција „симетикон“ го менува површинскиот напон на меурчињата со гас акумулирани во гастроинтестиналниот тракт и го ослободува гасот, кој потоа може да се апсорбира или ослободи.
Espumisan® –ублажување на симптомите на надуеност!
Надуеноста и флатуленцијата се нормална појава. Но, нашиот модерен начин на живот може да поставува големи барања. Стресната работа, како и обидот за балансирање на хобито, семејните и социјалните активности може да доведат до стрес, како и јадењето премногу масна и друга нездрава храна. Нашиот дигестивен систем не може да го следи ова темпо, што доведува до прекумерно производство на гас кој може да се акумулира во стомакот и да создаде чувство на тежина и надуеност. Непријатноста во стомакот и стравот од неконтролирана флатуленција се сами по себе извор на стрес за многу луѓе.
Симетикон, активната супстанција на Espumisan, нуди сигурно олеснување. Симетиконот е докажано и ефикасно средство против надуеност и флатуленција. Симетиконот од Espumisan, овозможува ублажување на широк спектар на симптоми поврзани со гасовите, како што се надуеност или флатуленција.
Симетиконот во суштина, го менува површинскиот напон на меурчињата со гас акумулирани во гастроинтестиналниот тракт. При разградувањето на меурчињата се ослободуваат гасовите, со што се олеснува нивната елиминација преку подригнување или испуштање на флатусот
Espumisan® - повеќе различни формулации за Вашите потреби
Espumisan® 40 mg капсули
Обезбедува сигурно ублажување од симптомите како што се надуеност поради тешки и масни оброци, чувствителност на храна, стрес и надуеност за време на менструацијата.
Espumisan®L 40 mg/ml емулзија
Емулзија, лесна за голтање, содржи 40 mg симетикон.