Дали некои лекови можат да предизвикаат надуеност?
Еден од најчесто пријавените гастроинтестинални симптоми при посета на лекар е надуеност на стомакот во комбинација со флатуленција. Но, за ова често не се зборува поради срам или се игнорира затоа што пациентите и лекарите не го гледаат како вистински проблем, додека во реалноста многу луѓе страдаат од болки и непријатност во друштво поради надуеност и гасови.
Типични причини за надуеност и флатуленција се нездравите навики во исхраната, стресот, чувствителноста на храна и хормоналната нерамнотежа. Во овие случаи, елиминирањето на одреден тип на храна или менувањето на навиките во исхраната може да обезбеди трајно олеснување.
Во некои случаи, пациентите страдаат од надуеност само поради одреден лек за кој надуеноста е наведена како едно од несаканите дејства.
Во некои случаи, пациентите може да страдаат од надуеност како несакано дејство на лекот што треба да го земаат. За дополнителни информации за несаканите дејства, видете го упатството со информации за пациентот или контактирајте со Вашиот лекар.
Кои лекови предизвикуваат надуеност и зошто?
Истражувањата покажале дека испитаниците пријавиле дигестивни проблеми откако земале одредени видови храна или лекови. Овие лекови вклучуваат лекови за лекување на запек (лаксативи), дијабетес (акарбоза) и лекови кои помагаат при дебелина (орлистат).
Други лекови за кои се знае дека предизвикуваат дигестивни проблеми се нестероидните антиинфламаторни лекови за болка, како што е ибупрофен, како и антибиотиците.
Контрацептивните средства како таблетите за контрацепција ја менуваат хормоналната рамнотежа, за која исто така е познато дека предизвикува надуеност. Многу жени пријавуваат надуеност по започнувањето на терапијата со хормонска контрацепција.
Кога треба да посетите лекар?
Пронаоѓањето на причината за надуеноста може да потрае и да биде долг и фрустрирачки процес на обиди и грешки, со што се елиминираат одредени видови храна и навики од Вашиот секојдневен живот. Доколку имате впечаток дека одреден лек предизвикува надуеност, треба да разговарате со докторот кој Ви го препишал лекот. Може да има друга опција за лекување на надуеноста или дури и префрлување на друг лек со помалку несакани дејства.
Како да се ослободите од надуеноста на стомакот?
Бидејќи многу проблеми се предизвикани од модерниот начин на живот, има многу работи што можете да ги направите за да ги намалите проблемите со надуеноста. Внимателното следење на Вашите навики и рутини може да Ви помогне да ги пронајдете причините.
Espumisan® – ублажување на симптомите на надуеност!
Надуеноста и флатуленцијата се нормална појава. Но, нашиот модерен начин на живот може да поставува големи барања. Стресната работа, како и обидот за балансирање на хобито, семејните и социјалните активности може да доведат до стрес, како и јадењето премногу масна и друга нездрава храна. Нашиот дигестивен систем не може да го следи ова темпо, што доведува до прекумерно производство на гас кој може да се акумулира во стомакот и да создаде чувство на тежина и надуеност. Непријатноста во стомакот и стравот од неконтролирана флатуленција се сами по себе извор на стрес за многу луѓе.
Симетикон, активната супстанца на лекот Espumisan нуди сигурно олеснување. Симетикон е докажано и ефикасно средство против надуеност и флатуленција. Две капсули од лекот Espumisan-от обезбедуваат ослободување од широк спектар на симптоми поврзани со гасови, како што е флатуленцијата.
Лекот Espumisan во суштина го менува површинскиот напон на меурчињата со гасови кои се акумулирале во гастроинтестиналниот тракт. Кога меурчињата се распаѓаат, се ослободуваат гасовите, што ја олеснува нивната елиминација преку подригнување или испуштање на флатусот.
Espumisan® - различни формулации за Вашите потреби
Espumisan®L 40 mg/ml емулзија
Емулзија лесна за голтање која содржи 40 mg симетикон.