Дали стресот може да предизвика надуеност?
Живееме во свет со брзо темпо на живот и многу предизвици за кои постарите генерации не ни сонувале. Ако Вашето тело реагира на стрес, не сте единствените. И мажите и жените доживуваат надуеност и флатуленција во одреден момент. Нашиот организам е чудесен систем кој има способност да ја претвора храната во енергија. Ако во текот на овој процес се создаде премногу гас во Вашиот гастроинтестинален тракт, чувствувате дека стомакот ви е отечен и надуен. Но, кои се причините за тоа? Дали стресот може да биде еден од факторите?
Како стресот предизвикува надуеност?
Ние водиме стресни животи во современиот свет, останувајќи будни по цела ноќ на проекти, јадеме доцна навечер по долг ден на работа или пиеме премногу после работа. Понекогаш за време на напорен ден, јадеме стоејќи за време на ручекот, додека ги користиме единствените слободни моменти што ги имаме. Или јадеме нешто нездраво за да ја надополниме многу потребната енергија пред важна презентација или состанок.
Обврските на работа и дома можат да бидат извор на стрес, а лошата исхрана може да ги влоши дигестивните проблеми. Тоа е нешто што сите сме го доживеале - хаотичен ден трчање по децата, потребата за ужина помеѓу домашната работа и грижата за децата или за време на 15-минутната дремка на бебето, конечно наоѓајќи малку време да се изеде нешто. Целосниот, богат семеен живот има толку многу добри страни, но исто така може да создаде дополнителен стрес и нередовни оброци. Честопати, создавањето среќен семеен живот за сите членови на семејството е на прво место, а правилното варење не е нешто што прво ни паѓа на ум. Без разлика на полот, надуеноста и стравот од неконтролирана флатуленција може да бидат значајна причина за стрес во секојдневниот живот.
Анксиозноста и надуеноста
Иако исхраната е секако фактор, стресот во која било форма, без разлика дали е дома или на работа, може да го зголеми чувството на општа анксиозност. Ова потоа може да доведе до надуеност, што е случај со 30% од Американците, како што откриле многу научни студии. Како што анксиозноста продолжува, телото има тенденција да реагира на физичко ниво и може да влијае на нервите на дигестивниот систем. Ова може, на пример, да доведе до синдром на иритабилни црева.
Други причини за надуеност
Формирањето на гасови, како и ослободувањето на флатусот, е нормална појава. Сепак, количината и зачестеноста варираат во голема мера од личност до личност. Прекумерните надуеност и флатуленција може да бидат предизвикани од различни нешта.
Разбирањето на механизмот зад формирањето на надуеност и гасовите е сложено. Во секое време, просечниот човек има 100-200 cm3 гас во гастроинтестиналниот тракт. Количината на гасови се зголемува, на пример, со голтање воздух и пиење газирани пијалоци. Нормално, овие гасови се апсорбираат во крвотокот и ние ги издишуваме. Или едноставно се излачуваат преку флатусот. Ако овој систем е нарушен, вишокот гасови може да се акумулира во форма на меурчиња, поради што чувствуваме тежина и надуеност.
Што да направите против надуеноста предизвикана од стрес?
Истражувањата покажале дека зголемената физичка активност го помага варењето и помага за придвижување на насобраните гасови. Ова може да биде добар совет за секој кој долго седи на бирото или води стационарен начин на живот.
Дури и благо зголемената физичка активност, покрај бројните други здравствени придобивки, се покажало дека помага за придвижување на гасовите во дигестивниот систем и го спречува акумулирањето на гасови.
Ако ги знаете причините за надуеност, првиот чекор е да ги отстраните од секојдневниот живот.
Што помага при надуеност и флатуленција?
Повторно е тука: штотуку имавте обилен ручек и повторно го чувствувате тоа тешко чувство во стомакот. Еве неколку совети и начини за смирување на надуеноста и флатуленцијата:
Нежна масажа на стомакот долж дебелото црево може да Ви помогне да ги придвижите гасовите што се насобрале во цревата.
Физичката активност како шетање околу блокот може да го поттикне движењето на цревата, што може да помогне да се ослободи вишокот гасови. Докажано е исто така дека редовното вежбање помага при надуеноста за време на менструација
Espumisan е докажано и ефикасно средство против надуеност и флатуленција. Симетиконот од Espumisan обезбедува ослободување од широк спектар на симптоми поврзани со гасовите, како што се надуеност и флатуленција. Активната супстанција „симетикон“ го менува површинскиот напон на меурчињата со гас акумулирани во гастроинтестиналниот тракт и го ослободува гасот, кој потоа може да се апсорбира или ослободи.
Espumisan
Физичка активност
Нежна масажа на Вашиот стомак
Espumisan® – ублажување на симтомите на надуеност!
Надуеноста и флатуленцијата се нормална појава. Но, нашиот модерен начин на живот може да поставува големи барања. Стресната работа, како и обидот за балансирање на хобито, семејните и социјалните активности може да доведат до стрес, како и јадењето премногу масна и друга нездрава храна. Нашиот дигестивен систем не може да го следи ова темпо, што доведува до прекумерно производство на гас кој може да се акумулира во стомакот и да создаде чувство на тежина и надуеност. Непријатноста во стомакот и стравот од неконтролирана флатуленција се сами по себе извор на стрес за многу луѓе.
Симетикон, активната состојка на лекот Espumisan нуди сигурно олеснување. Неговата активна супстанца симетикон е докажано и ефикасно средство против надуеност и флатуленција. Симетиконот во Espumisan-от обезбедува ослободување од широк спектар на симптоми поврзани со гасовите, како што се флатуленцијата или надуеноста.
Симетикон, активната состојка на лекот Espumisan во суштина го менува површинскиот напон на меурчињата со гасови кои се акумулирале во гастроинтестиналниот тракт. Кога меурчињатае се распаѓаат, се ослободуваат гасовите, што ја олеснува нивната елиминација преку подригнување или испуштање на флатусот.
Espumisan® - различни дозирни облици за Вашите потреби
Espumisan® 40 mg капсули
Обезбедува сигурно ослободување од симптоми како што се надуеност од тешки и масни оброци, чувствителност на храна, стрес и надуеност при менструација.
Espumisan® 40 mg/ml емулзија
Емулзија лесна за голтање, содржи 40 mg симетикон.