Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Надуеност и држење диета

Русокоса жена со боб фризура го подготвува своето смути со ананас и разни овошја
Русокоса жена со боб фризура го подготвува своето смути со ананас и разни овошја

 

Дали диетата и постот можат да предизвикаат надуеност?

Пред се, ако страдате од надуеност, не сте единствени. И мажите и жените страдаат од надуеност. Повеќето луѓе доживуваат надуеност и флатуленција во одреден момент. Нашиот организам е чудесен систем кој има способност да ја претвора храната во енергија. Но, ако во текот на овој процес се создаде премногу гас во Вашиот гастроинтестинален тракт, чувствувате дека стомакот Ви е отечен и надуен.

Постојат многу различни диети. Целта на сите е да се чувствуваме подобро и во подобра форма. Но, понекогаш резултатот е сосема спротивен. Не затоа што диетата е лоша, туку затоа што сите луѓе се различни и различно реагираат на одредени видови храна. Значи, диетата која е совршена за Вашиот сосед може кај Вас да предизвика надуеност и чувство на тежина во стомакот.

 

Како држењето диета предизвикува надуеност?

Се трудиме да ги правиме вистинските работи за нашето тело, добро да се храниме, да не јадеме премногу, да избегнуваме храна која не треба да ја јадеме. Но, понекогаш не знаеме за кој вид на храна се работи. Алергиите на храна се вообичаени, без разлика дали се работи за нетолеранција на глутен, целијачна болест, нетолеранција на лактоза или мноштво други алергии. Доколку не се дијагностицираат, може да доведат до сериозни здравствени проблеми или најчесто до надуеност. Ова се должи на неможноста на телото правилно да свари одредени видови храна.

Тогаш се обидуваме да елиминираме одредени групи на храна, па нашата исхрана може да стане неурамнотежена. Еден од вообичаените проблеми е премногу шеќер. Бројни здравствени проблеми како што е дијабетесот се чести и добро познати, нив треба да ги дијагностицира Вашиот општ лекар. Покрај тоа, преголемата употреба на шеќер може да се поврзе и со надуеноста. Премногу мешунки и прекумерни количини на влакна во Вашата исхрана исто така може да бидат проблем бидејќи несварената храна создава гасови. Пробувањето на нов вид на храна на која стомакот не е навикнат, дома или на одмор во странство, исто така може да доведе до иритација на желудникот.

Ако усвоите нова навика во начинот на исхрана, тоа значи дека го менувате изворот на енергија во организмот. Исто како што автомобилот би имал проблеми со ново гориво, и Вашето тело е навикнато на претходниот начин на исхрана и затоа е чувствително на промени. Новата рамнотежа на групите на храна или воведувањето на поголеми количини на потешко сварлива храна, како што се цели зрна, растителни влакна и мешунки, може да доведе до прекумерни количини на гасови.

Икона со пченица и лешник како примери за алергија на храна

Алергии на храна

Икона со капкејк за да се прикаже високата количина шеќер во нашите оброци

Премногу шеќер

Икона што покажува мерач на гликоза во крвта за згрижување при дијабетес

Дијабетес

Икона со грашок како пример за зеленчук со прекумерна количина на влакна

Мешунките и прекумерната количина на растителни влакна

 

Други причини за надуеност

Формирањето гасови и ослободувањето на флатусот е нормална појава. Просечен човек испушта 1-3 пинта (приближно 0,5 до 1,5 литри) гас, во просек 14 пати. Но, интензитетот и фреквенцијата многу варираат од личност до личност. Прекумерната надуеност и флатуленција може да бидат предизвикани од различни нешта.

Разбирањето на механизмот зад формирањето на надуеност и гасови е сложено. Во секое време, просечниот човек има 100-200 cm3 гасови во гастроинтестиналниот тракт. Количината на гас се зголемува, на пример, со голтање воздух и пиење газирани пијалоци. Нормално, овие гасови се апсорбираат во крвотокот и ние ги издишуваме. Или едноставно се излачуваат преку флатусот. Доколку овој систем е нарушен, вишокот гасови може да се акумулираат во форма на меурчиња, што создава чувство на надуеност и тежина во стомакот.

    Млада жена која страда од менструална надуеност седи згрчена на подот, држејќи го стомакот со левата рака
    Млада жена која страда од менструална надуеност седи згрчена на подот, држејќи го стомакот со левата рака

    Многу жени пријавуваат дека се чувствуваат надуени за време на менструацијата. Хормоналната нерамнотежа може да го забави дигестивниот тракт и на тој начин да предизвика надуеност.

    Бремена жена која страда од надуеност, седи на софата со затворени очи. Нејзиниот партнер ја теши и ја држи во прегратка.
    Бремена жена која страда од надуеност, седи на софата со затворени очи. Нејзиниот партнер ја теши и ја држи во прегратка.

    Слично на симптомите за време на менструацијата, надуеноста може да се појави за време на бременоста.

     

    Што помага при надуеност и гасови при држење на диета?

    Повторно е тука: штотуку имавте совршено здрав ручек и повторно чувствувате затегнатост во стомакот. Еве неколку совети и начини за смирување на надуеноста и флатуленцијата:

    Нежна масажа на стомакот долж дебелото црево може да Ви помогне да ги придвижите гасовите што се насобрале во цревата.

    Физичката активност како шетање околу блокот може да го поттикне движењето на цревата, што може да помогне да се ослободи вишокот гасови.

    Симетикон, активната супстанца на лекот Espumisan е докажано и ефикасно средство против надуеност и флатуленција. Симетиконот од Espumisan обезбедува ублажување на широк спектар на симптоми поврзани со гасовите, како што се надуеност и флатуленција. Активната супстанција „симетикон“ го менува површинскиот напон на меурчињата со гас акумулирани во гастроинтестиналниот тракт и го ослободува гасот, кој потоа може да се апсорбира или ослободи.

     

    Espumisan® –ублажување на симптомите на надуеност!

    Надуеноста и флатуленцијата се нормална појава. Но, нашиот модерен начин на живот може да поставува големи барања. Стресната работа, како и обидот за балансирање на хобито, семејните и социјалните активности може да доведат до стрес, како и јадењето премногу масна и друга нездрава храна. Нашиот дигестивен систем не може да го следи ова темпо, што доведува до прекумерно производство на гас кој може да се акумулира во стомакот и да создаде чувство на тежина и надуеност. Непријатноста во стомакот и стравот од неконтролирана флатуленција се сами по себе извор на стрес за многу луѓе.

    Симетикон, активната супстанца на лекот Espumisan нуди сигурно олеснување. Симетикон е докажано и ефикасно средство против надуеност и флатуленција. Симетиконот во Espumisan-от обезбедува ублажување на широк спектар на симптоми поврзани со гасови, како што се надуеноста или флатуленцијата.

    Симетикон, активната супстанца на лекот Espumisan во суштина го менува површинскиот напон на меурчињата со гасови кои се акумулирале во гастроинтестиналниот тракт. При разградувањето на  меурчињата, се ослободуваат гасовите, што ја олеснува нивната елиминација преку подригнување или испуштање на флатусот.

    Espumisan® - различни формулации за Вашите потреби

    Три пријателки пијат кафе и се забавуваат, разменуваат информации за надуеноста и лекот Espumisan. Во предниот дел има пакување капсули Espumisan од 40 mg

    Espumisan® 40 mg капсули

    Обезбедува сигурно ослободување од симптоми како што се надуеност од тешки и масни оброци, чувствителност на храна, стрес и менструална надуеност.

    Среќен татко, откако го земал лекот Espumisan L, ја прегрнува својата насмеана ќеркичка

    Espumisan®L 40 mg/ml емулзија

    Емулзија лесна за голтање, содржи 40 mg симетикон.

    Espumisan® видеото