Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Сé за лекот Espumisan®

Пакување на лекот Espumisan во различни дозирни форми за различни потреби
Пакување на лекот Espumisan во различни дозирни форми за различни потреби

Espumisan® – за современиот свет со брзо темпо на живот

Живееме во свет со брзо темпо на живот. Нашите денови честопати се исполнети со хаотични деловни распореди, оброци за носење и кафиња кои ни помогнат да останеме активни. Во оваа средина, повеќето луѓе, во одреден момент доживуваат симптоми како што се надуеност и флатуленција. Нашиот дигестивен систем е сложен и чувствителен во исто време. Иако надуеноста често не се доживува како сериозна болест, може да влијае на нашата самодоверба кога сме во близина на други луѓе и да не спречи да уживаме во времето поминато со пријателите и колегите.

Ублажување на симптомите на надуеност со лекот Espumisan®

Успорувањето на животното темпо и поздравото јадење четстопати е полесно да се каже отколку да се направи. Токму тука настапува Espumisan. Симетиконот, активната супстанција на лекот Espumisan, може да Ве ослободи од чувството на надуеност во пределот на стомакот и да Ве подготви за успешен ден!

Тој е ефикасен во лекувањето на дигестивни проблеми поврзани со гасовите.

Како делува лекот Espumisan®?

Многу луѓе го знаат чувството на тежина во стомакот после обилен оброк. Кога во абдоминалниот тракт има прекумерна количина на гасови или воздух, тоа го нарекуваме надуеност. Во стомакот се јавува чувство на тежина, тврдост, затегнатост или отеченост. Гасовите што се ослободуваат создаваат чувство на олеснување кое се нарекува флатуленција.

Но, зошто воопшто доаѓа до акумулација на гасови во нашиот дигестивен систем? Причините за надуеност може да бидат многубројни, а науката се уште ги нема целосно разбрано. Но, тие обично се поврзуваат со проблемите кои настануваат при создавањето и поминувањето на гасовите во цревата. Слично како што можете да видите меурчиња во сапуницата, вишокот на гас може да се задржи во несварената храна или слузницата во нашите црева или желудник.

Активната супстанција на лекот Espumisan, симетикон, го менува површинскиот напон на меурчиња со гас. Како што меурчињата се распаѓаат, гасовите се ослободуваат, што го олеснува отстранувањето на гасот со подригнување или со испуштање на на флатусот.

Кога треба да земете од лекот Espumisan®?

Надуеноста и флатуленцијата се меѓу најчесто пријавените гастроинтестинални симптоми при посета на лекар. Причините и интензитетот може значително да варираат од една до друга личност. Активната супстанција на Espumisan, симетикон, е докажан и ефикасен лек против проблеми како што се надуеноста и флатуленцијата. Симетикон, активната супстанција на лекот Espumisan, помага во ублажувањето на симптомите поврзани со гасови, како што се флатуленција или отечен стомак. Докажано е дека активната супстанција на Espumisan, симетикон, е ефикасна против надуеноста. Постојат неколку состојби и ситуации кои можат да предизвикаат надуеност:

  • надуеност за време на бременост, менструација или менопауза
  • надуеност предизвикана од чувствителност и нетолеранција на храна
  • колики кај бебињата
  • стресот може да предизвика надуеност
  • отстранување на надуеност за да може да се спроведе лекарски преглед (испитувања).

Дали лекот Espumisan® има несакани дејства?

Симетикон, активната супстанција на лекот Espumisan, постои околу 50 години. Добро е проучен и утврдено е дека е речиси нетоксичен. Дејствува на физичко ниво на гасовите кои се наоѓаат во несварената храна и не се апсорбира од страна на телото. Може да се зема подолг временски период. Едноставен е за употреба (две капсули, 3-4 пати на ден) земени со или после оброк, како и пред спиење по потреба.

Фармацевтски форми на лекот

Производ капсули, меки, 40 mg

Ублажување на проблемот со флатуленцијата. Сигурна и ефикасна терапија

Espumisan® – ослободува од надуеноста!

Надуеноста и флатуленцијата се нормална појава. Но, нашиот модерен начин на живот може да поставува големи барања. Стресната работа, како и обидот за балансирање на хобито, семејните и социјалните активности може да доведат до стрес, како и јадењето премногу масна и друга нездрава храна. Нашиот дигестивен систем не може да го следи ова темпо, што доведува до прекумерно производство на гас кој може да се акумулира во стомакот и да создаде чувство на тежина и надуеност. Непријатноста во стомакот и стравот од неконтролирана флатуленција се сами по себе извор на стрес за многу луѓе.

Симетикон, активната супстанција на Espumisan, нуди сигурно олеснување. Неговата активна супстанција симетикон е докажан и ефикасен лек против надуеност и флатуленција. Симетикон, активната супстанција на лекот Espumisan, овозможува ублажување на широк спектар на симптоми поврзани со гасовите, како што се флатуленцијата или отечен стомак.

Espumisan® видеото