Дали храната може да предизвика надуеност?
Пред се, ако страдате од надуеност, не сте единствени. И мажите и жените страдаат од надуеност. Повеќето луѓе доживуваат надуеност и флатуленција во одреден момент. Нашиот организам е чудесен систем кој има способност да ја претвора храната во енергија. Но, ако во текот на овој процес се создаде премногу гас во Вашиот гастроинтестинален тракт, чувствувате дека стомакот Ви е отечен и надуен. Кои се причините за тоа?
Постојат многу групи на храна кои се дел од нашата секојдневна исхрана. Но, дали нешто како што е секојдневната исхрана може да предизвика надуеност? Има многу нови видови храна, а во супермаркетот има поголем избор од кога било досега. Но, дали тоа може да има негативни ефекти? Надуеност на пример?
Кои видови на пијалоци или храна предизвикуваат надуеност ?
Се трудиме да ги правиме вистинските работи за нашето тело, добро да се храниме, да не јадеме премногу, да избегнуваме храна која не треба да ја јадеме. Но, понекогаш не знаеме за каква храна се работи. Алергиите на храна се вообичаени, без разлика дали се работи за нетолеранција на глутен, целијачна болест, нетолеранција на лактоза, а тоа се само некои од нив. Ако не се дијагностицираат, може да доведат до непријатности и надуеност во пределот на стомакот или дури и сериозни здравствени проблеми. Ова се случува поради неможноста на организмот правилно да свари одредени видови храна.
Поради тоа, се обидуваме да елиминираме одредени групи на храна и нашата исхрана може да стане неурамнотежена. Еден од вообичаените проблеми е премногу шеќер. Бројни здравствени проблеми, како што е дијабетесот се чести и добро познати и треба да бидат дијагностицирани од страна на Вашиот општ лекар. Покрај тоа, премногу шеќер може да предизвика и надуеност. Премногу мешунки и прекумерна количини на влакна во Вашата исхрана исто така може да бидат проблем, бидејќи несварената храна создава гасови.
Кај некои луѓе, пченицата може да предизвика надуеност, особено ако лицето страда од целијачна болест или нетолеранција на глутен. Целијачната болест погодува до 1% од популацијата, што ја прави почеста отколку што мислите! Очигледно е дека газираните пијалоци кои содржат меурчиња јаглерод диоксид може да предизвикаат акумулација на гас во нашиот систем. Овие гасови одат директно во нашиот дигестивен систем.
Кромидот содржи фруктани, кои се еден вид влакна кои предизвикуваат надуеност. Лукот може да има сличен ефект. За секој од овие случаи, може да се најдат алтернативи за замена на пченицата, кромидот или газираните пијалоци во нашата исхрана.
Премногу шеќер
Мешунките и прекумерната количина на растителни влакна
Нетолеранција на глутен
Газирани пијалоци
Кромид и лук
Зошто сум подуен на одмор?
Пробувањето на нов вид на храна на која желудникот не е навикнат, дома или на одмор, исто така може да доведе до иритација на желудникот. Исто како што автомобилот би имал проблеми со ново гориво, Вашиот организам е навикнат на претходната исхрана и затоа е чувствителен на промени.
Други причини за надуеност
Разбирањето на механизмот зад формирањето на надуеностa и гасовите е сложено. Во секое време, просечниот човек има 100-200 cm3 гас во гастроинтестиналниот тракт. Количината на гас се зголемува, на пример, со голтање воздух и пиење газирани пијалоци. Нормално, овие гасови се апсорбираат во крвотокот и ние ги издишуваме. Или едноставно се ипуштаат преку флатусот. Ако овој систем е нарушен, вишокот гасови може да се акумулираат во форма на меурчиња, што создава чувство на полнота и надуеност.
Како да ја спречите надуеноста предизвикана од храна?
Придвижете се: Студиите покажале дека физичката активност го помага варењето и помага да се придвижат на насобраните гасови. Ова може да биде добар совет за секој што седи на бирото долго време или чиј начин на живот инаку вклучува малку или воопшто не вклучува вежбање.
Побарајте совет: разговорот со нутриционист може да ви помогне да постигнете урамнотежена исхрана. Со постепени промени во исхраната и количината на одредени супстанции може да се избегне шокот на системот кој би следувал по целосна промена.
Воведете ред: ако ги знаете причините за надуеност, првиот чекор е да ги отстраните од секојдневниот живот. Тоа значи да испитате дали имате нетолеранција на храна, да избегнувате храна што е нездрава за Вас или, доколку стресот е причина за Вашите проблеми, обидете се да го подобрите балансот помеѓу работата и приватниот живот.
Во зависност од Вашиот животен стил или деловен распоред, ова е полесно да се каже отколку да се направи. Можеби морате многу да патувате или здрави оброци не Ви се секогаш достапни. Или имате многу стресна работа која ја сакате. Можеби треба да елиминирате одредени групи на храна кои не одговараат на Вашеиот организам. Можеби не е секогаш можно да се отстранат сите причини, но свесноста за тоа што го предизвикува основниот проблем, ќе помогне да се намали надуеноста, а може да помогнат и одредени лекови кои се издаваат без рецепт.
Како можете да ја ублажите надуеноста предизвикана од храна?
Повторно е тука: штотуку имавте обилен ручек и повторно го чувствувате тоа тешко чувство во стомакот. Еве неколку совети и начини за намалување на надуеноста и флатуленцијата:
Активната супстанција на лекот Espumisan, симетикон, е докажан и ефикасен лек против надуеност и флатуленција. Симетиконот во Espumisan обезбедува ослободување од широк спектар на симптоми поврзани со гасови, како што се надуеност и флатуленција. Активната супстанција „симетикон“ го менува површинскиот напон на меурчињата со гас акумулирани во гастроинтестиналниот тракт и го ослободува гасот, кој потоа може да се апсорбира или ослободи.
Физичката активност како шетање околу блокот може да го поттикне движењето на цревата, што може да помогне да се ослободи вишокот гасови.
Нежна масажа на абдоменот долж дебелото црево може да Ви помогне да ги придвижите гасовите што се насобрале во цревата.
Espumisan® – ублажување на симптомите на надуеност
Надуеноста и флатуленцијата се нормална појава. Но, нашиот модерен начин на живот може да поставува големи барања. Стресната работа, како и обидот за балансирање на хобито, семејните и социјалните активности може да доведат до стрес, како и јадењето премногу масна и друга нездрава храна. Нашиот дигестивен систем не може да го следи ова темпо, што доведува до прекумерно производство на гас кој може да се акумулира во стомакот и да создаде чувство на тежина и надуеност. Непријатноста во стомакот и стравот од неконтролирана флатуленција се сами по себе извор на стрес за многу луѓе.
Симетикон, активната супстанција на Espumisan, нуди сигурно олеснување. Неговата активна супстанција симетикон е докажан и ефикасен лек против надуеност и флатуленција. Симетикон, активната супстанција на лекот Espumisan, овозможува ублажување на широк спектар на симптоми поврзани со гасовите, како што се флатуленцијата или отечен стомак.
Симетиконот во суштина го менува површинскиот напон на меурчињата со гас што се акумулирале во гастроинтестиналниот тракт. Кога меурчињата се распаѓаат, се ослободуваат гасови, што го олеснува нивното отстранување со подригнување или испуштање на флатусот.
Espumisan® - различни форми за Вашите потреби
Espumisan® 40 mg капсули
Обезбедува сигурно ослободување од симптомите како што се надуеност поради тешки и масни оброци, чувствителност на храна, стрес и надуеност за време на менструацијата.
Espumisan®L, 40 mg/ml емулзија
Емулзија лесна за голтање, содржи 40 mg симетикон.